Триумф над Пелистер за заокружување на вториот круг од шампионатот

Со триумф над Пелистер од 2-1 (1-0) заокружен вториот круг од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

Во натпревар во кој „сините“ целосно доминираа во текот на сите 90 минути, победата ја осигура Бобан Георгиев со убав погодок во 74. минута од средбата.

Претходно, натпреварот почна со тотална офанзива, но уште во 7. минута Мартин Стојанов не успеа да реализира 100% шанса. Сепак, активната иницијатива се исплатеше, па во 33. минута по одличното нафрлање на Додев од левата страна, Милан Ѓокиќ пред голот на Пелистер умешно реагираше за водство од 1-0.

Во второто полувреме, Брегалница ја контролираше играта, но гостите изненадувачки успеаја да дојдат во 51. минута до израмнување на 1-1. Петар Љамчевски испрати сосема безопасен шут од 25 метри, но Денковски неспретно реагираше па топката отседна зад неговиот грб. Сепак, до крајот нововлезениот Георгиев погоди за конечен триумф од 2-1.

ПМФЛ - 22. коло
БРЕГАЛНИЦА - Пелистер 2-1 (1-0)

Градски стадион во Штип. Стрелци: Ѓокиќ 33', Георгиев 74' (Б) - П. Љамчевски 51' (П)