Актуелно

Стојчевски: "Натпреварот со Воска е да се биде или не"

Како гледаш на поразот на натпреварот со Работнички?
- Искрено, сакам да го дефинирам едноставно како лош ден. Немаме друго оправдување. Со посилните екипи на хартија, одигравме речиси беспрекорен меч, а во дуелот со еден од директните конкуренти потфрливме. Веќе немаме право на грешка.
Воска е во сличен "кош" како нас. Ни претстојат 2 дуели со најдиректните конкуренти. Твое очекување?
- За мене, натпреварот со Воска е да се биде или не. Мораме, едноставно мораме да бидеме на највисоко ниво во секој сегмент на теренот. Одиме да се надигруваме, одиме на 3 бодови во недела. Се е во наши раце. Фокусот е таму, потоа ќе размислуваме за натпреварите понатаму.
Дали реално овој состав заслужува прволигашки статус?
- Нормално дека да. Имаме квалитетни поединци. Затоа е реално сите заедно да се надеваме, меѓусебно мотивираме и допринесеме да го избориме опстанокот во прволигашкото друштво.

Изјава на Филип Стојчевски, играч од средниот ред на штипските сини