Сенев: Одиме да се надигруваме со Шкупи и одиме на победа!

ИЗЈАВА НА ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ ТРАЈЧЕ СЕНЕВ:
"Очекувам максимално залагање од целата екипа, секој играч да го остави последниот атом од силите на теренот во недела. Работевме одлично последните неколку дена, играчите ги одработија тренинзите според инструкциите. Бодовите ни се преку потребни, во недела, максимално мотивирани, одиме да се надигруваме со Шкупи и одиме на победа!"

ВЛЕЗОТ ВО НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТЕН!
Управата на клубот во недела ги отвора вратите на "Градски" во Штип и влезот за натпреварот против Шкупи ќе биде БЕСПЛАТЕН! Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, во недела да дадеме максимална поддршка на играчите и клубот и сите заеднички да извојуваме голема победа.