Сенев: "Освоивме голем бод, но можевме и до целиот плен"

“Задоволен сум од прикажаното денес во Струга. Играчите одиграа машки, од срце, со желба за позитивен резултат, со еден збор изгинаа на теренот. Освоивме голем бод против лидерот и актуелниот шампион, но многу блиску бевме и до целиот плен, бидејки имавме водство на 4 минути до крајот. Но, што е - тука е, продолжуваме со зацртаното, да се припремаме максимално за секој нареден натпревар, и на секој меч до крајот ќе атакуваме на победа и конечно обезбедување на опстанок” - изјави шефот на стручниот штаб Трајче Сенев по завршувањето на натпреварот против Струга Трим Љум.