Извонредни статистички показатели од Анталија...

Фудбалерите на Брегалница повеќе од успешно ги реализираа подготовките во Анталија, погледнато и од резултатски аспект со запишани три победи и едно реми.

По неколкудневниот одмор, по враќањето од Турција, денеска Илчо Ѓорѓиоски во Штип ги активираше финалните подготовки за стартот на пролетниот дел од сезоната.

Од Анталија пак ќе останат запишани убедливите изданија и трите победи и реми. Статистички погледнато „сините“ беа повеќе од доминантни на четирите натпревари во Турција завршувајќи со одлична гол-разлика од 9-1, и притоа со вкупно 49 шутеви кон противничкиот гол за 360 одиграни минути, што ја нагласува офанзивната определба на Брегалница низ која се гради играта за пролетниот дел од сезоната.

ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА „СИНИТЕ“ ВО АНТАЛИЈА

БРЕГАЛНИЦА - Кубан Краснодар (Рус) 1-0
Стојанов 60'

БРЕГАЛНИЦА - Зира (Азр) 1-1
Дујовски 5' - Волков 14'

БРЕГАЛНИЦА - Металист 1925 Харков (Укр) 4-0
Георгиев 32', Алтипармаковски 56', 88', Додев 71'

БРЕГАЛНИЦА - Тобол (Кзх) 3-0
Дамњановиќ 53', 78', Ѓокиќ 84'