Коцев донесе победа на пријателскиот натпревар со Каменица Саса

Искористувајќи ја паузата во првенствените активности поради настапите на националните репрезентации, фудбалерите на Брегалница денеска одиграа пријателски натпревар со една од најдобрите екипи во Втората лига - Исток, Каменица Саса.

„Сините“ беа подобар противник на теренот на Градскиот стадион во Штип, па сосема заслужено дојдоа до триумф со погодокот на Стефан Коцев во првото полувреме.

Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски на денешниот натпревар се одлучи да настапи во следниот состав: Петревски, Коцев, Мојсов, Азиновиќ, Миленковски, Муарем, Бакрачески, Наумовски, Додев, Георгиев и Ѓокиќ.