Костенчев ќе ја дели правдата на натпреварот со Осогово во Кочани

Никола Костенчев од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 24. коло во Втората лига - Исток меѓу Осогово и Брегалница кој се игра во сабота (24. април) од 13 часот на Градскиот стадион во Кочани.

На Костенчев ќе му помагаат сограѓаните Милош Милошевиќ и Горан Милошевски. Четврти судија ќе биде Христијан Божиновски, исто така од Скопје, а делегат Хајро Бабачиќ. Контролор на натпревар ќе биде Ацо Мировски од Скопје.