Игор Иванов од Велес ќе ја дели правдата против Плачковица

Игор Иванов од Велес ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Плачковица и Брегалница во 22. коло од Втората лига - Исток кој се игра утре од 13 часот на Градскиот стадион во Радовиш.

На Иванов ќе му помагаат сограѓаните Петар Новачев и Роберт Црвенов. Четврти судија ќе биде Боби Величков, а делегат на натпреварот Ненад Маркоски од Македонски брод. Контролор на дуелот ќе биде Слободан Стојсављевиќ од Прилеп.