Дуелот со Слога Виница во сабота, Марјан Маркоски делител на правдата

Марјан Маркоски ќе биде делител на правдата на мечот со Слога Виница од 20. коло во Втората лига - Исток.

Натпреварот, единствен од ова коло во второлигашката конкуренција, ќе се игра во сабота (20. март) со почеток од 15 часот во Виница.

На Маркоски ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Вјолца Изеири, а четврти судија ќе биде Боби Величков. Делегат на натпреварот ќе биде Владо Крстевски од Скопје, а контролор - Делчо Јакимовски, исто така од Скопје.