Познат распоредот на натпревари за третиот круг: Дербито со Тиквеш на 15. мај во Штип

По завршувањето на вториот круг натпревари во Втората лига - Исток, познат е распоредот на натпреварите за третиот, последен, круг во годинашниот шампионат.

Комисијата за натпревари при ФФМ го објави комплетниот распоред изработен согласно Бергеровиот систем, според кој Брегалница во првиот меч од третиот круг на 13. март во Штип од 15 часот ќе ја пречека Каменица Саса.

Дерби натпреварот против Тиквеш е во последното коло сезонава, на 15. мај во Штип, а ќе се игра со почеток од 17 часот.