Младеновски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот со Росоман

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Росоман и Брегалница од 18. коло во Втората лига - Исток кој во сабота (6. март) ќе се игра на игралиштето на АСМ во Росоман.

На Младеновски ќе му помагаат сограѓаните Милош Милошевиќ и Горан Милошевски, а четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот е Тони Николовски од Скопје, а контролор - Кире Ќулумовски од Ресен.