Кудев повикан од Гроздановски во репрезентацијата до 19 години

Еден од најталентираните македонски фудбалери, член на Брегалница, Љупче Кудев доби повик за настап во репрезентацијата до 19 години на Македонија.

Новиот в.д селектор на селекцијата до 19 години, Влатко Гроздановски испрати повик за Кудев за настап на престојните два пријателски натпревари против соодветната репрезентација на БиХ закажани за 9. и за 12. март.

Кудев претходно ги мина и сите возрасни репрезентативни категории. Беше член и на селекциите до 15, 16 и 17 години.