Реми со Кожуф за крај на подготовките во Дојран, прекрасен деби гол на Дујоски

„Сините“ со  реми (2-2) на гостувањето против Кожуф во Гевгелија ги завршија подготовките на југот од Македонија.

Избраниците на Марјан Секуловски одиграа натпревар во кој беа блиску до триумф на гостувањето против Кожуф, но дозволија погодок во 88. минута на домашните за конечни 2-2.

Првото полувреме заврши со предност на гевгеличани по погодокот во 39. минута. Но, во вториот дел, нововлезените Наумов и Дујоски беа креатори на израмнувањето во 59. минута. Наумов асистираше а Владимир Дујоски со прекрасен шут од 16 метри го постигна својот деби гол за Брегалница.

Во 62. минута, по прекрасна акција по левата страна, Дарко Додев мајсторски погоди за 1-2. Кога се чинеше дека дуелот ќе го завршиме со триумф, следеше израмнувањето.

Брегалница натпреварот во Гевгелија го почна со следниот состав: Денковски, Мирчевски, Митрев, Маневски,  Манев, Бакрачески, Ацковски, Муарем, M. Стојанов, Додев, Кудијан. Во второто полувреме играа и Наумоски, Николовски, Дујовски, Наумов.

По овој натпревар фудбалерите на Брегалница денеска се враќаат во Штип, каде од понеделник продолжуваат финалните подготовки за стартот на вториот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.