Минимален пораз од Раднички Сремска Митровица, по само една грешка на стартот од мечот

Фудбалерите на Брегалница доживеаја минимален пораз од 0-1 од српскиот прволигаш Раднички од Сремска Митровица на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Дојран.

Поразот за „сините“ на тестот во Дојран следеше по само една грешка на одбраната уште во 2. минута од средбата која гостите ја искористија за ран погодок.




Во продолжението Брегалница ја контролираше играта преку активно темпо создавајќи можности за погодок, но мрежата на српскиот тим остана нечепната. Во второто полувреме, избраниците на Марјан Секуловски имаа дополнителни можности за гол, наспроти дефанзивно ориентираните противници, но изостана реализацијата.

Од првата минута на натпреварот настапи и засилувањето за продолжението од сезоната, Муарем Муарем.


ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
БРЕГАЛНИЦА - Раднички Сремска Митровица (Срб) 0-1 (0-1)
Стадион во Нов Дојран. Натпревар без публика. Стрелец: Бабиќ 2' (Р)
БРЕГАЛНИЦА: Денковски, Ѓорѓиевски, Николовски, Манов, Митрев, Бакрачески, Муарем, Дујоски, М. Стојанов, Додев, Кудијан
РАДНИЧКИ (С.МИТРОВИЦА): Кнежовиќ, Нешковиќ, Спајиќ, Милуновиќ, Башиќ, Радосављевиќ, Мијаиловиќ, Арнаутовиќ, Стефановиќ, Бабиќ, Милошевиќ