Секуловски ќе прозива на 9. јануари, договорени шест пријателски средби

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски во сабота (9. јануари) со првата прозивка во новата година ќе означи старт на подготовките на „сините“ за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

Веќе утврден е планот и за подготовките на тимот се до стартот на вториот дел од шампионатот закажан за 27. февруари. Првата фаза од подготовките фудбалерите на Брегалница ќе ја одработат во Штип, а од 3. до 14. февруари ќе бидат финалните подготовки во Дојран.

Веќе се договорени шест пријателски средби. Се почнува на 23. јануари со дуелот против Кит Го, потоа на 30. јануари е пресметката со Осогово, на 3. февруари дуелот со Борец, на 6. февруари против Беласица, за 13. февруари пресметката со Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига - Запад, екипата на Скопје.

Првиот натпревар од пролетната сезона во Втората лига - Исток, Брегалница го игра на 27. февруари против прилепска Победа на домашен терен.