Помладите пионери на Брегалница го победија Шкупи и се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија

Одличен резултат на помладите пионери на Брегалница кои обезбедија четвртфинале во Купот на Македонија откако во осминафиналната пресметка беа подобри од Шкупи.

Натпреварот кој се играше во Штип во регуларниот дел заврши без победник 1-1, а стрелец за „сините“ беше Еди Мандак во 77. минута од натпреварот.



Па по изведувањето на пеналите Брегалница победи со 4-2 обезбедувајќи четвртфинале. Стрелци од белата точка беа Миташев, Аџиев, Мандак и Пачемски.

Пионерите, пак, не успеаја да се пласираат во четвртфиналето откако загубија минимално со 1-0 од  соодветната категорија на Шкупи.