Добринко Илиевски не е повеќе шеф на стручниот штаб на Брегалница

Добринко Илиевски не е повеќе шеф на стручниот штаб на Брегалница. Раководството на клубот и, сега веќе, досегашниот тренер се одлучија на спогодбен раскин на договорот по соработката која трае од јули 2019 година.

„Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот и сопственикот Кирил Гогов на довербата и поддршката која ја имав за време на целокупниот мој ангажман во Брегалница изминатиов период. На клубот му посакувам многу среќа и успех во продолжението од првенството и секако влез во Првата лига, каде и му е местото“ - истакна Илиевски по завршувањето на соработката со „сините“.

Брегалница, во следното коло од Втората лига - Исток ја очекува пресметката со Каменица Саса во Штип.