Кудијан донесе триумф на дерби пресметката против Кожуф во Гевгелија

Фудбалерите на Брегалница стигнаа до сосема заслужена победа од 1-2 (0-1) на гостувањето против Кожуф во Гевгелија во дербито од 3. коло во Втората лига - Исток.

Агресивниот почеток на натпреварот веднаш вроди со плод, па по само пет минути игра капитенот Ристе Наумов донесе предност од 0-1.

Во продолжението максимална контрола на играта, и рутинско одржување на предноста до крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме сосема еднаква игра на теренот, „сините“ одржуваа игра на средината но дозволија грешка во 81. минута кога домашните со голот на Кирил Стојков дојдоа до израмнување на 1-1. Сепак, заслужениот триумф за три бода следеше во 89. минута со деби голот на засилувањето Кудијан.




ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (3. КОЛО)
Кожуф - БРЕГАЛНИЦА 1-2 (0-1)

Градски стадион во Гевгелија. Натпревар без публика: Стрелци: Стојков 81' (К) - Наумов 5', Кудијан 89' (Б).


РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО
Кожуф - Брегалница 1-2
Росоман - Кит Го 2-2
Осогово - Тиквеш 0-3
Каменица Саса - Победа 1-0
Плачковица - Слога Виница 0-1