Судии од Прилеп за натпреварот против Кожуф во Гевгелија

Судиската четворка од Прилеп ќе го води натпреварот меѓу Кожуф и Брегалница кој во сабота (12. септември) од 16 часот се игра во Гевгелија во 3. коло од Втората лига - Исток.

Влатко Илиоски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Зоран Костоски и Иле Мишески, а четврта судијка ќе биде Ирена Велевачкоска. Делегат на натпреварот ќе биде Борис Леов од Велес, а контролор - Марјан Кировски од Скопје.