Ацковски донесе победа за Македонија на Фарските острови

Фудбалерот од средниот ред на Брегалница, Кристијан Ацковски донесе значајна победа за младата репрезентација на Македонија на гостувањето против Фарските острови во квалификациите за ЕП 2022.

Ацковски беше стрелец на вториот гол за Македонија во 82. минута во победата од 1-2. Претходно Милан Ристовски уште во 15. минута донесе предност од 0-1 за составот на Благоја Милевски, а домашните во 84. минута успеаја единствено да го ублажат поразот.

На клупата за резервни фудбалери на дуелот остана и вториот повикан фудбалер од редовите на Брегалница, голманот Давид Денковски.

Македонија, по шест одиграни натпревари, е на второто место во групата со 10 бода, веднаш зад водечката Шпанија.