Скопјанецот Костенчев главен судија за мечот во Македонска Каменица

Никола Костенчев од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 1. коло во Втората лига - Исток кој Брегалница го игра во сабота (22. август) од 17 часот на гостински терен во Македонска каменица против Саса.

На Костенчев ќе му помагаат сограѓаните Милошевски и Петров, а четврти судија ќе биде Кристијан Ѓуровски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Мишел Истатов од Дојран, а контролор - Зоранчо Илиевски од Битола.