Пораз, по сопствени грешки, на пријателскиот дуел од Шкендија

Брегалница загуби од прволигашот Шкендија со 0-2 (0-0) на пријателскиот натпревар кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Во главно израмнет натпревар кој се играше под рефлектори, „сините“ главно поради сопствените грешки дозволија фаворизираните тетовци да заминат со победа од Штип.

Низ првиот дел се играше максимално израмнето со контрола на средината од теренот на избраниците на Добринко Илиевски. Сепак, во 58. минута Шкендија дојде до предност од 0-1 со голот на Бесарт Ибраими по индиректен удар од само шест метри кој беше досуден по недоразбирањето во нашата одбрана.

Во продолжението доминација на Брегалница која имаше и две одлични можности преку капитенот Ристе Наумов, но останаа нереализирани.

Конечната победа за Шкендија во 82. минута ја донесе централниот дефанзивец Садриу, убаво реализирајќи со глава од непосредна близина.




За Брегалница во следниот период останува и контролниот натпревар со екипата на Гостивар.