Против Академија Пандев во полуфиналето од Купот на Македонија

Брегалница ќе игра со минатогодшниот Куп освојувач, Академија Пандев во полуфиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Првиот натпревар „сините“ ќе го играат на 8. април со почеток од 15:30 часот на гостински терен во Струмица, а реваншот ќе биде во Штип на 6. мај од 16 часот.

Во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат Струга Трим Лум и Шкендија.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ПОЛУФИНАЛЕ
АК. ПАНДЕВ - БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТЛ - ШКЕНДИЈА
* Првите полуфинални натпревари се играат на 8. април со почеток од 15:30 часот, а реваншите се на 6. мај од 16 часот.