Трпчевски од Кавадарци ќе го суди мечот во Струга, реванш дуелот од Купот против Лабуништа без публика

Стојанче Трпчевски од Кавадарци ќе биде главен судија на реванш натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Лабуништа и Брегалница кој во среда (4. март) со почеток од 14 часот се игра на Градскиот стадион во Струга.

На Трпчевски ќе му помагаат Илија Гонев од Неготино и Драган Трпчевски од Кавадарци, а четврти судија ќе биде Игор Иванов од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Славчо Ѓорѓиоски од Прилеп а контролор - Марјан Ристески од Кичево.

Натпреварот, согласно препораката од Владата за превенција поради коронавирусот, повторно ќе се игра без присуство на публика.

По првиот натпревар Брегалница има предност од 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „сините“ на дуелот во Штип беше Мартин Стојанов.