Победа против Саса на генералниот тест пред стартот на пролетта

Брегалница славеше со 2-1 (1-0) против Саса во последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

„Сините“ беа многу подобар противник на дуелот. По максималната иницијатива предноста од 1-0 дојде во 42. минута кога погоди Пепи Ѓоргиев на асистенција на Маневски, за предност на полувремето.

Во второто полувреме, Ѓорѓиев погоди и за 2-0 во 65. минута, на асистенција на Наумов. Гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Марио Станковски во 79. минута.

Брегалница на натпреварот против Саса настапи во следниот состав: Талески, Мирчевски, Д. Стојанов, Манев, Маневски, Миленковски, Бакрачески, М. Стојанов, Ацковски, Настевски и Ѓорѓиев. Уште играа: Давков, Стошиќ, Рунтев, Стојчевски, Наумоски, Цанев, Кудев и Наумов.