Манев доби повик за настап во репрезентацијата до 19 години

Дефанзивецот на Брегалница, Јован Манев доби повик за настап во младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години.

Селекторот на селекцијата до 19 години, Горан Станиќ, испрати повик до Манев кој треба да се јави на собирот на националниот тим за пријателските средби со Грузија закажани за 26. и 28. февруари во Скопје.

Повик за настап во репрезентацијата доби и уште еден фудбалер на Брегалница, Анџело Николовски, кој во моментов е позајмен фудбалер на Кит Го.

Собирот на репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години е закажан за 23. февруари.