Убедлива победа против Шахтјор Доњецк за почеток на подготовките во Анталија

Фудбалерите на Брегалница со убедлива победа од 3-1 (1-0) против тимот до 21 година на украинскиот Шахтјор Доњецк ги почнаа подготовките во Анталија.

Одличната игра и победата на „сините“, на спортскиот центар „Папилон“ во Белек, беше најавена уште во 9. минута со голот на Пепи Ѓоргиев.




Во второто полувреме Брегалница беше уште поубедлива, па со двата погодоци на нововлезениот Ристе Наумов во 62. и во 77. минута триумфираше со конечни 3-1.



Шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски натпреварот го почна со следниот состав: Талески, Мирчевски, Стојчевски, Манев (капитен), Маневски, Османовски, Ацковски, Миленковски, Настевски, М. Стојанов, Ѓоргиев. Уште играа и: Наумоски, Стојанов, Наумов.