Брегалница и Борец во Велес ќе одиграат хуманитарен натпревар за помош на децата болни од церебрална парализа

Пред крајот на актуелната календарска година фудбалерите на Брегалница денеска ќе го одиграат и последниот пријателски натпревар по што ќе следи зимската пауза.

По победата од 1-2 на тестот против Њу Старс во Скопје, „сините“ денеска од 14 часот на Градскиот стадион во Велес ќе одиграа пријателски натпревар и со прволигашот Борец. Натпреварот во Велес ќе биде од хуманитарен карактер за помош на децата болни од церебрална парализа.

По дуелот со Борец веќе од понеделник следи зимската пауза.