Триумф на пријателскиот натпревар против Њу Старс во Скопје

Фудбалерите на Брегалница триумфираа со 1-2 (0-2) на пријателскиот натпревар против ФК Њу Старс кој денеска се одигра во Скопје.

Во натпревар во кој „сините“ настапија во комбиниран состав, погодоците за триумф ги постигнаа Мартин Стојанов во 10. минута и Ристе Наумов во 20. минута.

Во второто полувреме за Брегалница играа исклучиво фудбалери од младинскиот и кадетскиот состав како Марио Рунтев, Дарко Михајлов, Арсовски, Цанев, Бојан Ладев, Филип Серафимов, Љупче Кудев, Леон Цуцковски...

Пред зимската пауза, Брегалница ќе одигра уште еден пријателски натпревар, в сабота (14. декември) против Борец во Велес.