Денеска тест-дуел со Њу Старс во Скопје, во сабота пријателска и со Борец во Велес

И по крајот на есенскиот дел од сезоната продолжуваат активностите на фудбалерите на Брегалница.

Во насока на добивање подетален увид околу квалитетите на помладите фудбалери во тимот, шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски се одлучи денеска да реализира тест натпревар на комбиниран состав на Брегалница со ФК Њу Старс од Скопје. Натпреварот со почеток од 13 часот ќе се одигра во Ѓорче Петров.

Пред крајот на актуелната календарска година „сините“ ќе одиграат пријателски натпревар и со прволигашот Борец кој е закажан за в сабота (14. декември) во Велес. Натпреварот во Велес ќе биде од хуманитарен карактер за помош на децата болни од церебрална парализа.

По дуелот со Борец веќе од понеделник ќе следи зимската пауза.