Инфраструктурата во фокусот - Помошниот терен доби нов лик, изградба на апартмански комплекс (ФОТО)

Во желбата за максимално подобрување на инфраструктурата веќе привршуваат активностите околу заокружувањето на новиот лик и на Градскиот стадион во Штип.

Со доаѓањето на новото раководство во клубот веќе активно течат градежни зафати во и околу „Домот на Брегалница“. Помошниот терен, веднаш до централниот терен на Градскиот стадион, доби нов лик изграден согласно најновите европски стандарди, со најмодерна тревната подлога и дренажа кои овозможуваат тренинг активности, без разлика на временските услови. Паралелно со тоа и фудбалското игралиште во Суитлакот доби ново руво.




Во полн ек се активностите и околу комплетното реновирање на службените простории и соблекувалните на клубот, но сето тоа дополнето и со изградбата на дополнителниот комплекс во кој ќе бидат сместени 16 сместувачки апартмани за потребите на ФК Брегалница како и нови службени простории и канцеларии за функционирање на администрацијата на клубот.



Основната определба по преземањето на клубот на новиот сопственик на ФК Брегалница, Кирил Гогов од самиот старт е максимално инфраструктурно освежување како предуслов и за иден континуиран раст на клубот, развој на најмладите категории и резултатски успеси на првиот тим.