Гаревски од Валандово ќе ја дели правдата на мечот со Питу Гули

Кристијан Гаревски од Валандово ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 12. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Питу Гули кој на 10. ноември (недела) се игра со почеток од 17 часот на Градскиот стадион во Штип.

На Гаревски ќе му помагаат Стојан Костадинов од Струмица и Иван Танев од Гевгелија, а четврти судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија. Делегат на натпреварот ќе биде Цветко Костовски од Скопје, а контролор - Горанчо Фидановски од Скопје.