„Сините“ се враќаат во Штип: Новиот терен подготвен за неделниот дуел со Кожуф

Фудбалерите на Брегалница повторно се враќаат на својот стадион во шампионатот од Втората лига - Исток. „Сините“ неделниот натпревар од 9. коло против гевгелиски Кожуф повторно ќе го играат на Градскиот стадион во Штип откако комплетно е подготвен новиот терен, по целосната реконструкција.

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат сограѓаните Даниел Василевски и Александар Недевски. Четврти судија на мечот ќе биде Дарко Стојчевски, исто така од Скопје. Делегат - Владо Крстевски од Скопје, а контролор - Љубе Ристевски од Демир Хисар.

Натпреварот меѓу Брегалница и Кожуф се игра в недела (20. октомври) со почеток од 18 часот.