Нова перфекција на Брегалница: Триумф од 0-6 против Питу Гули

Нова перфектна партија на фудбалерите на Брегалница кои со убедливи 0-6 (0-3) триумфираа на гостувањето против Питу Гули во 3. коло од Втората лига - Исток.

„Сините“ на натпреварот кој се играше на игралиштето Могила во Прилеп беа повеќе од доминантни од првата минута на средбата. Почетната иницијатива донесе брзо водство со голот на Мартин Стојанов уште во 10. минута. По бројните шанси во продолжението, Јован Манев зголеми на 0-2 во 43. минута а во 45. минути и Пепи Ѓоргиев стрелаше за веќе убедливи 0-3.

Во второто полувреме, Стојанче Велинов во 59. минута погоди од белата точка за 0-4, а една минута подоцна Пепи Ѓоргиев го постигна својот втор погодок за 0-5. Конечните 0-6 ги постави Ристе Наумов во 87. минута од натпреварот.




Во следното, 4. коло, на 15. септември, Брегалница гостува на Каменица Саса.

ПИТУ ГУЛИ - БРЕГАЛНИЦА 0-6 (0-3)
Игралиште на Могила во Прилеп.
Стрелци: М. Стојанов 10', Манев 43', П. Ѓоргиев 45', 70', Велинов 69'(п), Р. Наумов 87'


РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО
Беласица - Каменица Саса 2-1
Питу Гули - Брегалница 0-6
Плачковица - Кит Го 1-1
Кожуф - Победа 2-1
Осогово - Тиквеш 0-1