Со убедлива победа против Плачковица стартувана новата сезона

Фудбалерите на Брегалница триумфално ја стартуваа новата сезона во Втората лига - Исток убедливо славејќи со 2-4 на гостувањето против Плачковица во Радовиш.

Составот на Добринко Илиевски ја оправда фаворитската улога стигнувајќи до планираните три бода, и покрај тоа што домаќините се покажаа како повеќе од цврст противник кој атакуваше на изненадување. „Сините“ во два наврати на почетокот од натпреварот меѓутоа на крајот со пресврт сосема заслужено стигнаа до триумфот.

Велинов, Миленковски, Настевски и Георгиев беа стрелци на головите за Брегалница за првите три бода во сезоната.

Во следното 2. коло, Брегалница на Градскиот стадион во Штип го пречекува тимот на Осогово.