Талески и Стошиќ - најнови засилувања за новата сезона

Уште две засилувања за нашиот тим пред стартот на сезоната во Втората лига - Исток. 

Нови засилувања во таборот на Добринко Илиевски - Пижон се голманот Давор Талески, кој се враќа во редовите на Брегалница, и младинскиот репрезентативец Денис Стошиќ кој треба да ја засили одбраната.

Брегалница на стартот од првото коло во новиот шампионат од Втората лига - Исток на 24. август ќе гостува во Радовиш против Плачковица.