Промовирани осум засилувања за новата сезона: Османовски, Настевски, Велинов, Стојанов, Гуцов, Наумоски...

ФК Брегалница, со комплетно нов лик, нови амбиции, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Добринко Илиевски – Пижон вчера ги почна подготовките за новата сезона.

На стартот од подготовките официјално промовирани и осум нови засилувања за новата сезона. Нови фудбалери на Брегалница во шампионатот 2019/2020 ќе бидат младинскиот репрезентативец Анес Османовски кој доаѓа од германски Унтерахинг, крилниот офанзивец Стојанче Велинов кој доаѓа од редовите на Академија Пандев, Филип Миленковски од Силекс, Марио Наумоски од Победа, Мишко Арсовски од Пелистер како и тројката од Кит Го, Мартин Стојанов, Иван Настевски и Благој Гуцов.



Во клубот остануваат и веќе докажаните првотимци, офанзивецот Ристе Наумов како и стоперот Дарко Стојанов.