ФК Брегалница успешно реализираше крводарителска акција

Денеска (12.10.2023) во просториите на ФК Брегалница се организираше крводарителска акција во соработка со Центарот за трансфузиона медицина. Беа собрани 31 единица крв и истата заврши успешно. Дарители на скапоцената течност беа фудбалерите, навивачите и управата на ФК Брегалница. Во иднина, во ФК Брегалница ова ќе стане пракса и редовно ќе се организираат хуманитарни крводарителски акции. Управата на ФК Брегалница упатува благодарност до сите хумани граѓани кои учествуваа во истата.