Ѓорѓиев се приклучи на подготовките на тимот

Еден од најдобрите фудбалери на „сините“ изминатата сезона Ѓорѓи Ѓорѓиев се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

27-годишниот Ѓорѓиев се вклучи во тренажниот процес на Горан Здравков, полека темпирајќи ја формата за новите предизвици во синиот дрес.

Крилниот офанзивец се очекува да биде на располагање на стручниот штаб и за престојните пријателски натпревари кои ја очекуваат Брегалница до стартот на сезоната.