Младинците на Брегалница подобри од Академија Пандев во 2. коло од Суперлигата

Младинците на Брегалница славеа победа од 2-1 против Академија Пандев во 2. коло од Суперлигата на Македонија.

Стрелци за трииумф на „сините“ беа Бобан Ангелов и Дарко Јованов.

Кадетите, пак, несреќно загубија од „пандевци“ со 1-2 и покрај водството на полувремето од 1-0 со голот на Дарко Михајлов. Сепак, противниците со гол во последните минути од средбата дојдоа до победата.

Помладите пионери исто така загубија со 1-2, а стрелец за Брегалница беше Марио Аџиев. Пионерите, пак, загубија со 2-0 на гостувањето во Струмица.

Во следното, 3. коло, младинско-пионерските категории на Брегалница ќе се соочат со екипите на Работнички во најсилното домашно натпреварување.