Стартуваа подготовките за сезоната 2022/23 во Првата лига (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница под водство на шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски денеска согласно планот и програмата на стручниот штаб ги стартуваа подготовките за сезоната 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига.

По почетната прозивка „сините“ на Градскиот стадион во Штип го одработија и првиот тренинг во летниот период. Изминативе два дена фудбалерите ги реализираа задолжителните лекарски прегледи, а денеска се стартуваше со подготовките.



Согласно планот и програмата за работа на стручниот штаб, низ првите неколку денови подготовки ќе се работи во Штип, а потоа до почетокот на новата сезона во елитното друштво Брегалница во два наврати ќе реализира и по десетдневни подготовки во Пехчево.

За време на летните подготовки, планирано е и одигрување и пет пријателски натпревари. Веќе се утврдени датумите за пријателските дуели кои ќе се играат на 3. јули, 10. јули, 17. јули, 24. јули и генералката пред стартот на Првата македонска фудбалска лига на 31. јули.