Извонреден успех на генерацијата 2014 на Брегалница: Четврти во Македонија во конкуренција на 150 екипи

Пионерите на ФК Брегалница, генерацијата 2014 запиша извонреден успех на завршниот турнир од Детските лиги на ФФМ освојувајќи го на крајот четвртото место во својата категорија.

Дечињата на Брегалница одбележаа резултат за паметење ако се знае дека во нивната категорија низ текот на сезоната настапуваа повеќе од 150 екипи во сите региони.



Но, „сините“ се изборија за учество на завршниот турнир а потоа и за место во полуфиналето, заокружувајќи ја на најдобар можен начин актуелнава сезона.