Третиот круг натпревари почнува против Борец во Штип на 13. март

Познат е и распоредот за натпреварите од третиот круг во Првата македонска фудбалска лига.

По денешното заокружување на вториот круг со натпреварите од 22. коло, познат е и распоредот на третиот круг од шампионатот. Брегалница третиот круг натпревар ќе го започне на домашен терен против велешки Борец на 13. март. Натпреварот ќе се игра со почеток од 15 часот.