Во тежок натпревар со многу борба, триумфот во Струга испуштен во последните минути

Низ максимално цврст натпревар со многу борба на средината од теренот, Брегалница ремизираше (1-1) на гостувањето против Струга ТЛ во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Составот на Илчо Ѓорѓиоски само минути го делеа и од триумф на натпреварот, но домашните со гол од слободен удар во 84. минута на Немања Босанчиќ дојдоа до бодот.

Претходно, Брегалница имаше повеќе од контролата на играта па по една убава акција во 59. минута дојде до предност од 0-1 со ефектниот погодок по шут од 12 метри откосо на Мартин Стојанов. Во продолжението, домашните атакуваа кон голот на Денковски во желбата да дојдат до израмнување и успеаја во тоа со голот на Босанчиќ во 84. минута.

ПМФЛ - 20. КОЛО
Струга ТЛ - БРЕГАЛНИЦА 1-1 (0-0)

Градски стадион во Струга. Стрелци: Босанчиќ 84'(С) - Стојанов 59' (Б)