Во Анталија пет контроли..., со Кубан Краснодар, азербејџанска Зира, казахстански Аксу...

ФК Брегалница главната фаза од зимскиот подготвителен период, како и минатата година, ќе го реализира во турскиот туристички центар Анталија кој е центарот за подготовки за поголемиот дел европски фудбалски екипи.

„Сините“ во Анталија заминуваат на 16. јануари каде ќе бидат до 30. јануари, а за кој период предвидено е одигрување и на пет пријателски натпревари.

Од петте предвидени пријателски натпревари во Анталија, веќе се договорени противниците за три тест дуели. Првиот контролен натпревар ќе биде против рускиот Кубан Краснодар на 17. јануари. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.

По враќањето во Штип, генералката пред стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе биде ан 6. февруари во Штип против бугарскиот второлигаш Септември Симитли.