Маневски: Огромна благодарност до раководството и стручниот штаб на Брегалница за се што направија за мојот фудбалски напредок

Досегашниот левокрилен дефанзивец на Брегалница, Михаил Маневски својата кариера ја продолжува во редовите на тетовска Шкендија.

Трансферот се реализира исклучиво по силно инсистирање на фудбалерот, и покрај отворената интенција на ФК Брегалница да го задржи до крајот на сезоната.

Маневски не ја крие благодарноста до Брегалниза за досегашниот развој на неговата кариера, истакнувајќи благодарност и до сите навивачи на клубот за поддршката од првиот до последниот ден.

„Сакам во оваа прилика да испратам огромна благодарност до ФК Брегалница, раководството, стручниот штаб и сите вклучени во функционирањето на клубот кои ми помогнаа за исклучителниот развој на мојата кариера. Свесен сум колку Брегалница ми помогна за фудбалскиот напредок. Сакам да искажам и отворена благодарност до сите навивачи на клубот за неизмерната поддршка од првиот до последниот ден“ - вели Маневски по разделбата со „сините“.

За трансферот на Маневски во Шкендија, Брегалница секако добива трансферна отштета согласно прописите на клубот и заштита на своите интереси.