„Сините“ подобар противник на терен, но на крајот реми без голови во Струмица

Брегалница одигра квалитетен натпревар, беше далеку подобар противник на теренот во Струмица, но не успеа да дојде до победа на гостувањето против Академија Пандев во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. На крајот, во натпревар и со два црвени картони, двата тима одиграа без голови.

„Сините“ одлично го почнаа мечот контролирајќи ја играта на средината од теренот. Во 31. минута домашните останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Бихорац кој спречи нападот на Брегалница за водство и заработи исклучување. Но, силите на теренот беа израмнети во 43. минута кога Дарко Додев доби во само неколку секунди два жолти картони. По добиениот жолт картон за старт, Додев нервозно реагираше по што престрого доби, се чини, неоправдано исклучување.

Во второто полувреме повторно контрола на играта на Брегалница, за разлика од домашните кои се закануваа главно преку контранапади. Денковски беше одличен на голот на тимот на Марјан Секуловски кој не искористи неколку одлични шанси да дојде и до победата.

Следниот натпревар за „сините“ е на домашен терен против Работнички на 8. декември (среда) со почеток од 13 часот, во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

ПРВА ЛИГА - 16. КОЛО
АК. ПАНДЕВ - БРЕГАЛНИЦА 0-0

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица.