Одложен натпреварот од Купот со Силекс... ФК Брегалница изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во автобускста несреќа во Бугарија!

Поради големата трагедија која утрово ја потресе Македонија со големата автобуска несреќа во Бугарија во која животот го загубија македонски државјани, утрешниот натпревар на Брегалница со Силекс во Кратово во четвртфиналето од Купот на Македонија се одложува за 1. декември.

„Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Бугарија, а во која животот го загубија македонски државјани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13 часот“ - се вели во официјалната информација од Фудбалската федерација на Македонија.

ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ изразува најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во страотната автобуска несреќа, притоа искажувајќи и најискрени желби за брзо закрепнување на повредените во несреќата.