Антониев повикан во репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 15 години

Еден од најталентираните фудбалери на Брегалница, Стефан Антониев е повикан за настап во репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 15 години.

Пионерската селекција на Македонија од 21. до 27. ноември учествува на силен меѓународен турнир во Унгарија, а Антониев е еден од фудбалерите на списокот на селекторот Драган Начевски.

Антониев е дел и од Академијата на ФФМ во Скопје.