Денковски и Манев повикани во младата репрезентација за октомвриските квалификации за ЕП 2023

Селекторот на младата репрезентација, Драги Канатларовски за двете гостински пресметки против Фарските острови и против Ерменија во квалификациите за ЕП 2023 повторно во националниот тим ги повика и членовите на Брегалница, голманот Давид Денковски и централниот дефанзивец Јован Манев.

Македонија на 7. октомври ќе игра против Фарски Острови во Клаксвик, додека на 12. октомври гостува против Ерманија во Ереван.

Младата македонска селекција на воведните два натпревари од тековните квалификации освои бод против Србија на домашен терен, а загуби од фаворитот во групата Франција на отворањето од циклусот квалификации за ЕП 2023.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 3. октомври во хотел „Александар Палас“ во Скопје.